HomeДЕНЕШНАРегионБела ајкула уловена во близина на грчкиот остров Сирос

Бела ајкула уловена во близина на грчкиот остров Сирос

Бела ајкула е уловена од страна на грчки рибари крај брегот на островот Сирос, јавија грчките медиуми, кои истакнуваат дека уловот предизвикал вознемиреност кај жителите на островот, кои се плашат дека во реонот има и други ајкули. Ајкулата е со должина од 1,60 метри и тешка 40 килограми.

Овој вид на ајкула достигнува должина и до шест метри и тежина од над два тони. Најголемо присуство на овој вид ајкули е забележано во регионот на островите Крф и Коринт, како и крај бреговитет на Јонското Море, Егејското Море до турскот брег кај Босфорот, како и околу Кипар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com