HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаБезживотно тело пронајдено во бунар во близина на Куманово

Безживотно тело пронајдено во бунар во близина на Куманово

Пронајдено е безживотно тело во бунар во близина на црквата „Света Мина“ во кумановско Доброшане, потврди Основното јавно обвинителство- Куманово.

Телото е пронајдено во утринските часови, а според информации од обвинителството, земени се траги од лице место и подигнат е материјал за вештачење.

На местото на настанот денеска беа приустни екипи на обвинителството, припадници на СВР Куманово и на територијалната противпожарна единица.

Од Основното јавно обвинителство најавија дека ќе излезат со повеќе информации во текот на денот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com