HomeДЕНЕШНАРепубликаБезбедни се сите 300 ученици од Тетово кои се во Истанбул

Безбедни се сите 300 ученици од Тетово кои се во Истанбул

Околу 300 ученици од Тетово кои минатата недела заминаа во извиднички камп во околината на Истанбул, се очекува да пристигнат дома во текот на денешниот ден. Учениците се испратени преку Здружението за просвета уметност и култура „Калкан“ од Тетово. Во извидничкиот камп за воениот удар дознале од медиумите, објави Мета.

– Сите се безбедни и здрави. Во контакт и соработка сме со Министерството за надворешни работи на Македонија, македонската амбасада во Анкара и федерацијата на извидници во Турција, уште еднаш да повторам сите се здрави и кај нив не владее никаква паника. Денеска беше планирано да се вратат дома и со поддршка на турската полиција ќе ја преминат границата и во текот на денешниот ден ќе пристигнат дома – изјави Џингис Дестани од здружението „Калкан“ од Тетово.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com