HomeДЕНЕШНАСветБегалскиот бран ќе донесе нови болести на стариот континент?

Бегалскиот бран ќе донесе нови болести на стариот континент?

Поради затворањето на границите во јужна Еропа, во Германија пристигнуваат се помалку бегалци. Но, сепак останува проблемот како да им бидат обезбедени услови, затоа што властите се уште не знат колко точно бегалци има во земјата.

Неодамна бев во Берлин и на Кудам – централната улица во западниот дел од градот, во секое време гледав групички црномурести, дефинитивно не локални луѓе. Некои просеа, други едноставно ги гледаа минувачите. Лично јас се чувствував доста непријатно.

Според податоци од берлинскиот весник „Тагесшпигел“, околу 5.500 мигранти ја минале во април германската граница (во споредба со 75.000 во јануари). И тоа најмногу Афрканци, кои пристигнале во Италија преку Средоземното Море.

Годинава во Европа може да дојдат еден милион бегалци, се посочува во оценката на телевизијата Јуроњуз. При сето тоа, неодамна во Рим германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека затворањето на границите, посебно подготвувањето од Австрија да воведе гранична контрола, „е неправилно решение за проблемот“.

Но, засега европските лидери јавно не признаваат дека над Европа надвисна нов проблем, пак поврзан со бегалците. Германското државно радио Дојче веле, го цитира британскиот весник „Дејли мејл“, кој неодамна објави анализа за здравствениот систем во европските држави за неподготвеноста за масовната емиграција во Европа од Блискиот исток, Азија и Африка.

– Луѓето од здравствените служни во цела Европа треба да го зголемат нивото на здравствени прегледи во врска со несопривиот прилив од мигранти, смета „Дејли мејл“.

Весникот се повикува на медицински лица кои учествувале на меѓународната конференција на Европската унија по клиничка биологија и инфекциски болести, која неодамна заврши во Амстердам.

Според експертите на „Дејли мејл“, бранот од бегалци кои пристигнале од Блискиот Исток и од северна Африка, повторно суштински го зголемила ризикиот од редица опасни инфекции во Европа, како медицински-резистентната златна стафилокока (МРЗС) или салмонелата отпорна на антибиотици.

– Експертите посочуваат дека бројот на заразени од ХИВ, туберкулоза, шингелоза (еден вид на дизентерија) и други паразитни инфекци кај мигрантите е можеби доста повизок, информира весникот.

Минатата година во државите во ЕУ влегле рекорден број на мигранти – 1,25 милиони, двојно повеќе во споредба со 2014 година, потсетува „Дејли мејл“. – И како што изгледа, овие бројки се само врвот на сантата мраз, затоа што ја одразуваат само официјалната статистика, продолжува дневниот месник.

Микробиолозите и епидемиолозите се посебно вознемирени од проширувањето низ Европа на т.н. супербактерии, кои се резистентни на антибиотици.

– Како што истакнаа истражувачи од Универзитетската клиника во Базел, веројатносрта пациентите во некои швјцарски бегалски центар да се преносители на МРЗС е десеткратно повизока, отколку државата во целина, соопшти „Дејли мејл“. Според податоци од истражувањето на Норвешка за периодот 2006-2015, 26 отсто од пациентите со МРЗС биле заразени во странствижо, Биле зафатени и мигрантите кои пристигнале во земјата и локални туристи.

Едно друго истражување, во бегалските бегалски центри во Туринген, кај пациенти открило два вида бактерии отпорни на до моментов познати антибиотици.

– Истражувањето во Данска со учество на 700 лица покажа дека меѓу бегалците заразени со ХИВ имало пет пати повеќе, отколку меѓу пациентите кои се родени во Данска, дополни сликата која ја објави „Дејли мејл“.

Им препорачуваме на здравствените служби редовно да вршат скрининзи и меѓу населението, почитувајќи ги неопхпдните процедури и мерки за безбедност, за ги спречат можно најефикасните инфекции како кај мигрантите, така и кај населението во земјата домаќин, коментираше за весникот Винфрид Кери, програмски директор на европската заедница во врска со клиничката микробиологија и инфективните болести.

„Независимаја газета“ побара мислење од Федералното министерство за здравство на Германија со молба да ја искоментираат статијата во „Дејли мејл“. Во одговорот стои дека таа институција не коментира статии во печатот. Но, во одговорот има и некои препораки кои даваат можност за заклучоци како стојат нештата со медицинското осигурување на бегалците во Германија.

На пример, се посочува дека Германија има закони за здравствено осигурување на лица кои поднеле молби за азил и токму од него се раководат германските локални власти. Заслужува внимание тоа што Министерството се повикува на познатиот научно-истражувачки институт за инфекциски болести „Роберт Кох“.

За три месеци во 2016, експерти од Институтот добиле податоци за скоро 3.000 случаи на заразни заболувања кај лица кои поднеле молби за азил. Станува збор првенствено за кои постојат вакцини и за стомачно-цревни инфекции. Има и изјави за случаи на туберкулоза, за хепатит Б и Ц. Експертите од институтот засега не гледаат причина за тревога заради зголемен ризик од инфекции кај населението, поврзани со барателите за азил.

Но, проблемот е тоа што експертите од Институтот го земаат предвид бројот на веќе потврдените случаи кај луѓето кои поднеле барања за азил. Но, лекарите во Германија не знаат ништо за вкупниот број на бегалци кои се наоѓаат во земјата, ниту колку од нив се веќе регистрирани. А токму тука се крие најголемата опасност, смета британскиот весник.

Независимаја газета – Москва

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com