HomeДЕНЕШНАСкопјеБаскерфест од вечерва се сели во Карпош

Баскерфест од вечерва се сели во Карпош

Од вечерва, Баскерфест се сли во Карпош. Општина Карпош ќе биде дводневен домаќин на фестивалот на улични забавувачи. Магионичари, жонглери и акробати, од целиот свет вечерва ќе ги забавуваат минувачите пред трговскиот центар Сити Мол, а утре вечер во Лептокарија. Програмата на фестивалот започнува од 19, а трае до 22 часот.

Пред минувачите ќе настапи јапонскиот магионичар Перформер Монк, Унипро Шоу, бразилскиот илузионист Диого Алварез, огненото шоу на Мајсторот и Маргарита и други.

10-тото јубилејно издание на овој настан препознатлив за Скопје, оваа година, ќе се одвива и во неколку други градови низ државава. По завршувањето на официјалната програма во Скопје, уличните забавувачи ќе настапат во Гевгелија, Кавадарци, Пехчево, Македонска Каменица, Битола, Берово, Велес, Крива Паланка, Охрид, Крушево, Виница и Кочани. Програмата ќе трае до 13-ти јули.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com