HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБарселона покажа интерес за македонски репрезентативец!

Барселона покажа интерес за македонски репрезентативец!

24-Годишниот македонски репрезентативец Езгјан Алиоски одигра одличен натпревар во поразот на Македонија против Албанија, а се чини неговата одлична игра не остана забележана само од македонската јавност. Претседателот на Лагуно, клубот за кој тој настапува го потврди интересот на поголеми европски клубови за Алиоски.

„Ова лето интерес за Алиоски пројави и Барселона. Тие ни се јавија и побараа да помине извесен период во нивниот тренинг камп на тест. Ќе видиме како ќе се развива ситуација, бидејќи за неговите услуги постојано се јавуваат многу клубови. Неговиот развој оди неверојатно брзо, никој не го очекуваше тоа на стартот. Едно е сигурно, тој нема да си замине од Лугано за 600 или 700 илјади франци“, изјави претседателот на швајцарскиот клуб.

Брзоногиот Алиоски се наоѓа во одлична форма тоа можевме да го видиме и во настапите за македонската репрезентација, а очигледно неговите настапи не останаа неприметливи и за најголемите клубови во Европа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com