HomeФЕР ПЛЕЈРакометБарселона дојде до титулата во шпанскиот Супер куп, Борко прогласен за најдобар голман

Барселона дојде до титулата во шпанскиот Супер куп, Борко прогласен за најдобар голман

Титулата од кралскиот Супер Куп во Шпанија и припадна на Барселона, а во освојувањето на првиот трофеј во сезоната на шпанскиот тим и помогнаа и македонските репрезентативци Кирил Лазаров кој при победата на Барселона за титула од 38:30 против Хелветиа Анаитасуна забележа најмногу погодоци (шест), како и Борко Ристовски кој беше прогласен за најдобар голман.

Деби, титула и избор за најдобар голман е почетокот на Борко Ристовски во дресот на Барселона. На почетокот на гала вечерта беа обелоденети и имињата на најдобрите ракометари од изминатата сезона во АСОБАЛ лигата. Ракометарите на Барселона ги држеа скоро сите позиции, а во таа листа се најде и нашиот капитен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com