HomeДЕНЕШНАСкопјеБарокни киосци ќе никнат на 20 локации во Скопје

Барокни киосци ќе никнат на 20 локации во Скопје

На 20 локации ширум Скопје ќе никнат барокни киоци. Оглас за доделување право и издавање одобрение за поставување урбана опрема – монтажно-демонтажни објекти по пат на усно наддавање распишале надлежните од град Скопје.

Како што пренесува Утрински, тие барале заинтересирани за поставување на опремата во период од 15 години. Во огласот се наведува дека закупците на просторот ќе можат да вршат дејност „ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на храна како главна дејност“.

Основен критериум за избор ќе биде највисокиот понуден износ, при што почетната цена на јавниот оглас не може да биде помала од 15 денари дневно за квадратен метар, а колкава е површината на локациите за урбаната опрема, дали сите планирани 20 киосци се идентични или има различни квадратури, во огласот не е појаснето.

Според иформации од Одделението за уредување градежно земјиште на Град Скопје, киосците ќе бидат слични на тие што ги поставуваше Министерството за транспорт и врски. На огласот може да се пријават сите домашни и странски физички и правни лица кои се регистрирани за вршење дејност „ресторани и останати објекти за подготовка и послужување храна како главна дејност“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com