HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБарбара Стрејсенд ќе оди на турнеја

Барбара Стрејсенд ќе оди на турнеја

Американската пејачка и актерка Барбара Стрејсенд во рамките на својата летна турнеја ќе настапи во девет градови, како што најави нејзиниот менаџер. Мартин Ерлихмен откри дека Стрејсенд во музичките арени ширум САД и Канада ќе изведува песни кои ги снимила во текот на нејзината долга кариера.

Ерлихмен исто така најави дека пејачката ќе издаде и нов албум кон крајот на годината. Планирани се настапи во Лос Анџелес, Лас Вегас, Сан Хосе, Чикаго, Бостон, Филаделфија, Торонто и Вашингтон. Оваа турнеја би требало да ја заврши во својот нов град- Њујорк, каде треба да одржи два концерти. Барбара Стрејсенд последната турнеја ја имаше во 2012 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com