HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБарбара Стрејсенд и Хју Џекмен објавија дует (ВИДЕО)

Барбара Стрејсенд и Хју Џекмен објавија дует (ВИДЕО)

Барбара Стрејсенд и Хју Џејскон го објавија дуетот „Any Moment Now“ кој е дел од бродвејската претстава „Smile“ и дел од новиот албум на славната пејачка и актерка, „Encore: Movie Partners Sing Broadway“. „Any Moment Now“ е првата нумера која ја избрав за овој албум. Бидејќи сум актерка, сакам да пеам песни кои ми овозмжуваат и малку глума“, изјави Оскаровката.

„Првата личност на која помислив беше Хју Џекмен“, истакна Стрејсенд. Австралискито актер не можеше да го скрие своето воодушевување поради можноста за соработка со Барбара Стрејсенд. „Кога го добив мејлот, не можев да поверувам. Мојата жена, која е најголем обожавател на Стрејсенд кој сум го запознал некогаш, помисли дека се случило нешто лошо. Кога и дозволив да го прочита мејлот таа беше пресреќна“, раскажа Џекмен.

„Пеењето е начин на комуникација и кога го слушам гласот на Хју, слушам искреност во неговото изведување и тоа е за мене многу емотивно“, вели Стрејсенд за Хју.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com