HomeДЕНЕШНАРегионБан Ки Мун ќе ја посети Грција. Дали ќе се разговара за името?

Бан Ки Мун ќе ја посети Грција. Дали ќе се разговара за името?

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун од 17 до 19 јуни ќе ја посети Грција со широка агенда која ги опфаќа бегалската криза, спорот за името и кипарското прашање. Прва станица на Ки Мун ќе биде Атина каде ќе се сретне со грчкиот премиер, Алексис Ципрас и претседателот, Прокопис Павлопулос. Средби на кои може да се очекува да се покрене прашањето околу преговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името.

Следниот ден, 18 јуни, Ки Мун ќе замине за Лезбос на покана на градоначалникот Спирос Галинос. На Лезбос, островот каде има и најголем број бегалци, околу 4000 Ки Мун ќе го посети бегалскиот центар, ќе има средби и разговори со бегалци, баратели на азил, но и со волонтерите и невладините организации со цел да добие слика какви се условите за живот и ситуацијата на бегалците во грција.

Тој ќе се сретне и со градоначалникот, Галинос кој е под голем притисок на граѓаните да најде начин да ја нормализира и смири бегалската ситуација на островот која последниот период е тензична поради зачестените инциденти и судири меѓу бегалците, во кои пред една недела изгоре половина од бегалскиот центар.

Бан Ки Мун најави дека посетата е со цел да изрази солидарност со бегалците, но и се испитаат условите и ситуацијата во која се наоѓаат луѓето во бегалските центри во Грција во пресрет на септемврискиот меѓународен состанок за бегалската криза во ОН.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com