HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБалотели прави изненадувачки трансфер во Јуанајтед?!

Балотели прави изненадувачки трансфер во Јуанајтед?!

Фудбалерот на Ливерпул Марио Балотели би можел да направи изненадувачки трансфер во Манчестер Јунајтед, откако веќе разговарал со тренерот на овој тим Жозе Мурињо. Како што пренесуваат англиските медиуми, Мурињо барал од контроверзниот напаѓач да ги нмали своите финансиски услови, а голема улога во целата оваа работа би имал и Мино Рајола кој ги застапува двајцата.

Mario-Baloteli-1

За тоа колку е Рајола ова лето влијателен на „Олд Трафорд“ говори и фактот дека во Јунајтед неодамна пристигнаа дури тројца негови клиенти Хенрих Михтарјан, Златан Ибрахимовиќ и Пол Погба. Португалскиот експерт верува дека може да ја „освежи“ кариерата на Балотели, со кој успешно соработуваше во Интер и знаеше да го контролира неговото однесување.

Ливерпул нема да прави проблеми при овој трансфер, бидејќи Јирген Клоп не смета на услугите на Италијанецот и му порача да бара нова средина. Балотели пристигна во Ливерпул во 2014 година од Милан во трансфер вреден 20 милиони евра, но не ги исполни очекувањата во црвениот дрес.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com