HomeДЕНЕШНАПолитикаБалкан инсајт: Наскоро нова проверка на Избирачкиот список

Балкан инсајт: Наскоро нова проверка на Избирачкиот список

Работна група иницирана од ДИК наскоро ќе започне нова проверка на Избирачкиот список-пишува Балкан инсајт. На овој политички чекор се договориле четирите поголеми партии, откако СДСМ го проблематизираше претходното прочистување на списокот, а останува да се договори методологијата.

Според минатонеделниот договор, работната група ќе се состои од претставници на политичиките партии и експерти од ОБСЕ и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), од меѓународни експерти за изборни системи, локални набљудувачи, претставници од МВР и Заводот за статистика.

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски изјави дека од вкупно 1 милион и 800 илјади запишани гласачи, дополнителна проверка е потребна за 226.000.

При претходната проверка во март и април ДИК откри дека 71.000 лица кои не се наоѓаат во датотеките на ниту една институција, кои според Чичаковски, или се иселени, или се постари луѓе кои не се наоѓаат во здравствениот систем, иако на дел од нив гласачкото право им е спорно.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com