HomeГОВОРНИЦАСтавБАЛКАНСКО МЕДИУМСКО ДНО: Црната проганда зазема нови размери

БАЛКАНСКО МЕДИУМСКО ДНО: Црната проганда зазема нови размери

Шарената револуција ги наполни светските медиуми, а се чини и дека ги охрабри соседните народи да кажат НЕ на лошите владини политики. Во вакво турбулентно време, кога вистината и граѓанската волја треба да се во фокусот, дел од медиумите со црна пропаганда се обидуваат да ги поврзат протестите низ Балканот и да го угушат охрабрениот граѓански крик. Српски „Ало“ е само еден од медиумите кој е дел од пропагандната машинерија која веќе ги надмина националните граници.

Па така, осамна текст во кој весникот „дознава“ дека протестите во Нови Сад за смена на раководството на „РТВ Војводина“ ги организираат истите луѓе кои ја организирале Шарената револуција. Првата работа што згрозува е самиот наслов: „Организаторите на Шарената револуција, Соросоидите од Скопје дојдоа да ја рушат власта во Србија“. Наслов = евтина пропаганда.

„Целта на нивното дејствување не е никаква демократизација на Балканот, туку доведување нови власти кои би биле по мерка на американскиот милијардер, Џорџ Сорос“ – стои во текстот. Дали во оваа реченица има барем малку здрава логика? Одговорот е НЕ. Од почетокот на Шарената револуција не е спомената никава демократизација на Балканот, туку само отпор против сопствените власти против кои постојат сомненија за криминал, а истите се аболираат и спасуваат од одговорност. Додека граѓаните се затвораат и казнуваат за се и сешто, почнувајќи од продавање три марули на пазар. Целта на оваа револуција е ослободување од лошите политики кои нанесуваат штета на обичниот граѓанин. Шарената револуција е внатремакедонска борба. Шарената револуција ги сплоти националностите, религиите и различните општествени групи кои живеат во Македонија и истите се борат за подобар живот во Македонија. Борбата на соседите Срби е само нивна борба.
protesti skopje vojvodina
Српски „Ало“ повторно ги поврзува Сорос, Канвас и гарѓанскиот отпор, со една единствена цел – да ја оцрни и дискредитира граѓанската свест. Весникот оди дотаму што (од сопствени извори) тврди дека организаторите на протестот во Македонија, биле и на протестот во Србија. Дури и ги наведува имињата на активистите. Па така во текстот споменати се Артан Садику, Александар Ковачевски, Маричен Демири, Кирил Бисероски, Дамјан Божиновски, Мартин Кралевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски, Здравко Савески и Марија Башевска. Текстот толку многу зборува за новинарското дно, непрофесионализам и платеништво со кое се заразени балканските медиуми, што „новинарот“ кој го пишувал текстот дури не ги изгуглал имињата на револуционерите, а камо ли да истражува за нив. Имено, Здравко Савески беше во куќен притвор за време на протестите во Србија – ФАКТ. И се уште му е одземен пасошот. Кого видел „новинарот“ на протестот во Србија? Дух, клон, близнак, привидение…? Или само нарачан текст?

Весникот уште и ја поврзува Шарената револуција со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Ги поврзува и со други организации како „Муслимански браќа“ и пишува за наводно „организирање на бунт во мигрантскиот камп Идомени со цел да се рашири полицијата за помал број полицајци да се спротистават на демонстрантите во Скопје“. За ваквите обвинувања „колегата новинар“ нема наведено ниту еден доказ. Зошто не постои доказ.

Ваквите теории и ваквата реторика, нам во Македонија ни се добро познати. Властите на Балканот до тој степен ги имаат ставено медиумите под своја контрола што веќе не ни наликуваат на медиуми, туку на ПР агенции кои пропагираат владини политики. Единствено заедничко за протестите во Македонија и Србија е што во двете држави, властите си имаат медиуми кои ја водат политичката војна наместо политичарите, со нарачани текстови и измислени теории на заговор. До кога ќе дозволуваме квази новинари и квази медиуми да шират опасна пропаганда која внесува страв, револт и нови конфликти? Кога ќе го вратиме доствоинството на оваа професија?

автор: Кристина Атовска

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com