HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБаерн донесе засилување од Арсенал!

Баерн донесе засилување од Арсенал!

Крилниот напаѓач на Арсенал ќе потпише договор со Баерн Минхен. Како вистинска бомба денес одекна веста дека Серж Гнабри ќе ги засили редовите на Баварците, а истата информација ја потврди и таткото на фудбалерот. „Да вистина е, постигнат е договор со Баерн“, кратко изјави таткото на Гнабри за германските медиуми.

Според пишувањата на германските медиуми, Баерн за неговите услуги ќе издвои сума од осум милиони евра, а потоа Гнабри веднаш ќе биде испратен на едногодишна позајмица во Вердер Бремен. Овој талентиран 21-годишен фудбалер веќе неколку сезони се обидува да се наметне кај Венгер, но од 2012 до сега одигра само 10 натпревари во Премиер лигата псотигнувајќи еден погодок. Минатото лето беше испратен на позајмица во ВБА, но и таму одигра само еден натпревар и беше вратен уште во јануари.

Сепак, Гнабри воодушеви на неодамна изминатите Олимписки игри во Рио во дресот на германската репрезентација постигнувајќи шест погодоци, но неговиот тим загуби во финалето од Бразил. Тоа го следеле и скаутите на Баерн и се решиле да се обидат да го вратат на вистинскиот пат. Пред Гнабри, во Баерн пристигнаа Хумелс и Ренато Санчез.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com