HomeДЕНЕШНАЕкономијаАјвар во продавницата која ја снабдува британската кралица со храна!

Ајвар во продавницата која ја снабдува британската кралица со храна!

Ајвар и други производи на македонскиот бренд „Mama’s“ започнаа да се продаваат во „Fortnum & Mason“, најлуксузната прехранбена продавница на светот која со продукти ја снабдува и британската кралица и нејзиното семејство. Калин Бабушко, менаџер на брендот „Mama’s“, изјави дека е одлично чувството производите да се најдат на полицата на оваа престижна продавница, која постои од далечната 1707 година.

Оваа продавница се наоѓа во Пикадили во Лондон. Меѓу производите кои се продаваат под името „Mama’s“ спаѓаат и домашно рачно правен ајвар, лутеница и други салати од пиперки и слатко по традицонална македонска рецептура. Според зборовите на Бабушка, „Mama’s“ е првиот македонски бренд кој има квалитет да може да ги задволи вкусовите и на најприбирливите англичани.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com