HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети му вети на Хајндл реформи и враќање на стабилноста

Ахмети му вети на Хајндл реформи и враќање на стабилноста

Ахмети, денес во седиштето на ДУИ во Тетово се сретна со специјалниот претставник на Владата на Германија, Амбасадорот Јохан Хајндл и му ги пренесе сите заложби на партијата за надминување на политичката криза при што биле направени повеќе конкретни чекори.

Лидерот на ДУИ го запознал Амбасадорот Хајндл за одлуката на Уставниот Суд, по иницијатива на ДУИ која овозможи враќање на Собранието како основен предуслов за облокирање на процесот со што се одложија изборите, а исто така се отвори и правен пат за повлекување на аболицијата на Иванов.

Главната албанска партија во Македонија секогаш сака да биде фактор на стабилност и тоа Ахмети верува дека е возможно со продолжување на реформскиот процес, одржување на работата на специјален обвинител и независна изборна комисија, но треба сите актери да го дадат својот придонес.

Хајндл денес ќе оствари средба и со други политички фактори во Македонија по што очекуваме и од него поконкретен став.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com