HomeФЕР ПЛЕЈТенисАферата со допинг продолжува и Надал користел недозволени супстанции?!

Аферата со допинг продолжува и Надал користел недозволени супстанции?!

После американските тенисерки сестрите Серена и Венус Вилијамс, како и гимнастичарката од САД, Симон Бајлс, се појавија и нови имиња во допинг аферата. Руски хакери кои влегле во базата на Светската допинг агенција (WADA) објавиле дека недозволени средства користиле и човекот кој четири пати беше олимписки шампион на долги стази, британскиот атлетичар Мо Фарах, како и шпанскиот тенисер Рафаел Надал.

Споменатата хакерска група „Fancy bears“ објавија дека и на Надал и на Фарах им било дозволено да користат поединечни забранети супстанции, за терапевтски цели. Според најновите тврдења, Надал во 2009 година користел бетаметазон, но само еднаш, како и кортикотрофин во 2012 година.

За целата работа да биде полоша за Шпанецот, медиумите потсетија на тоа дека тој беше прв заговорник за Марија Шарапова да биде казнета поради користење на недозволени супстанции.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com