HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизам„Ауди“ ќе ги известува возачите околу промената на светлата на семафорот

„Ауди“ ќе ги известува возачите околу промената на светлата на семафорот

Во своите нови возила „Ауди“ ќе го воведе првиот систем во авто-индустријата со кој ќе ги известува возачите кога на семафорот пред нив ќе се промени светлото. Тој систем безжично ќе биде поврзан со компијутерите кои ги управуваат семафорите во некои градови во САД. „Ауди“ го финализира договорот за тоа и наскоро ќе го објави списокот на тие градови.

Возачите одбројувањето до зеленото светло ќе можат да го гледаат на инструмент- табла. Кога ќе преостанат само четири секунди до вклучувањето на зеленото светло на семафорот, одбројувањето ќе престане, па возачот сам ќе продолжи да го следи семафорот. Покрај тоа, кога автомобилот е во движење и доколку системот процени дека нема да стигне да помине на зелено светло, ќе започне одбројувањето до вклучувањето на црвеното светло на семафорот.

Audi-f1

Овој систем ќе може да се докупи за „ауди Q7“, моделот за 2017 година и за „Ауди А4“, произведени од 1 јуни оваа година. Со тоа ќе мора да се плаќа и „Connect Prime service“ кој чини 199 долари за шест месеци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com