HomeРЕФЛЕКТОРИзложбиАтрактивни манекенки и висока мода од Дојран

Атрактивни манекенки и висока мода од Дојран

Изложбата „Дојран ресорт“, составена од големи паноа со модни фотографии поставени на шеталиштето долж Дојранското езеро, ќе биде отворена в сабота со почеток во 11 часот. На дневната забава од отворен карактер ќе бидат презентирани фотографии направени на повеќе значајни локации и историски објекти низ градот, преку кои сите оние што го посетуваат Дојран ќе можат да се запознаат со неговите убавини на еден поинаков начин.

dojran3

– Облекувајќи се во ново руво, но и преку реставрирање на историските обележја, Дојран се повеќе ја враќа старата традиција на посетеност, привлекување домашни и туристи од странство кои годинава навистина ги има во голем број. Преку изложбата посетителите ќе се информираат и анимираат со интересни факти за годините и етапите низ кои минувал Дојран – вели за проектот градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов.

Подготовките за „Дојран ресорт“ траеја неколку недели, а зад објективот на фотографскиот двоец „Ани и Дими“, застанаа манекенките од модната агенција „Подиум“: Ивана Гелева, Александра Наумова и Симона Ангелoвска кои ги носат креациите и аксесоарите на „МКотур бај Мила Кадриу“, Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Олгица Ѓоргиева, Викторија Арсовска, „Емили ексклузив дизајн“, „EM фешн дизајн“, „Фаринас хендмејд“ и „СОФИЈАФИЛИГРАНСКА“.

dojran2

За шминката и фризурата на моделите се погрижи Јована Коциќ. Графичкиот дизајн на проектот „Дојран ресорт“ го потпишува Дејан Зафировски.

Изложбата која ќе може да се види во текот на целата туристичка сезона е во организација на општина Дојран и продукција на „Моден викенд Скопје“. Дојран, кој годинава е прогласен за град на културата, во текот на летово ќе понуди широк спектар на околу 100 културни содржини.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com