HomeДЕНЕШНАСветАсад со указ нареди формирање на нова сириска Влада

Асад со указ нареди формирање на нова сириска Влада

Сирискиот претседател, Башар ал-Асад издаде указ за формирање нова сириска Влада, јави агенцијата САНА, повикувајќи се на пораката што Асад ја објави на Твитер. Како што наведува сириската агенција, местото премиер го доби поранешниот министер за енергетика, Имад Хамис кому му е понудено да го формира својот кабинет од министри.

Истовремено, министрите за одбрана и за надворешни работи останаа непроменети, како и министерот за помирување, пренесоа руските медиуми. Од Министерството за информации е соопштено и дека новите претставници на опозицијата не влегоа во составот на новата Влада.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com