HomeДЕНЕШНАСветАсад се закани на џихадистите: Ќе ја ослободиме секоја педа сириска земја

Асад се закани на џихадистите: Ќе ја ослободиме секоја педа сириска земја

Сирискиот претседател Башар ал Асад вети дека ќе ја продолжи војната против тероризмот, јави ТАСС. „Војната против тероризмот продолжува“, изјави Асад во обраќање пред новоизбраниот сириски Парламент емитувано во живо на телевизиите.

„Како што ја ослободивме Палмира и многу региони претходно, така ќе ја ослободиме секоја педа сириска земја. Единствена варијанта за нас е победата, инаку Сирија ќе престане да постои“, нагласи тој.

Сириската армија и нејзините сојузнички милиции, поддржани од руските воздушни напади, во март ги протераа борците на Исламска држава од Палмира. „Преговорите за мирно решавање на конфликтот во Сирија реално се уште не почнале. До моментов Дамаск практично не добил одговор за самиот принцип на преговарачкиот процес. Сирискиот народ повторно го воодушеви светот со исклучителната избирачка активност на изборите и со значителниот број кандидати“, додаде Асад.
asad vojska
Партијата Баас, која владее во Сирија повеќе од половина век, освои мнозинство во 250-члениот Парламент, како и што се очекуваше. На изборите, според официјалните податоци, учествувале 57,56 отсто од Сиријците со право на глас.

Изборите беа означени како нелегитимни од опозицијата во земјата и во странство, како и од Западот, а Русија оцени дека се во согласност со актуелниот Устав на земјата. ОН од своја стана апелира за одржување избори следната година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com