HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАрсенал доби ново засилување!

Арсенал доби ново засилување!

Фудбалскиот клуб Арсенал ја заврши работата околу доведувањето на своето второ засилувае во летниот трансфер период. Арсен Венгер пазареше по проверен рецепт со пазарење на млад талентиран фудбалер за смешна сума. Навивачите на Арсенал го дочекаа второто засилување во летниот траснфер период, откако денес беше потврдено дека договор со лондонскиот клуб потпишал талентираниот дефанзивец на Болтон.

20-Годишниот Роберт Самуел Холдинг стана нов фудбалер на „топџиите“, а како фудбалер се градеше во Болтон. „Скај Спорт“ на својот официјален профил на Твитер први ја потврдија веста дека Арсенал го ангажираше младиот англиски репрезентативец кој игра на позицијата централен дефанзивец, а по потреба може да се најде и на десната бековкса позиција. Набргу после тоа следеше и официјална потврда од Арсенал за овој трансфер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com