HomeДЕНЕШНАСветАрмијата на САД ја дискредитира службата на снајперистот

Армијата на САД ја дискредитира службата на снајперистот

Иако првичните информации за Мика Џонсон укажуваа дека снајперистот кој уби пет полицајци во Далас бил врвен војник, сега американската армија се обидува да ја дискредитира неговата служба со нови детали. Според неговото досие Џонсон бил самотник, следел црнечки милитантни лидери на социјалните мрежи, а имал и обвинение за сексуално малтретирање врз жена војник.

micah-x-johnson-crop

Тој по една година служба во мисиите во Авганистан бил отпуштен од армијата без почести. Бредфорд Гленденинг, воениот адвокат кој го застапувал, вели дека Џонсон најверојатно бил „црната“ овца во својата единица и не снаоѓал најдобро во средината.

Проблематично според експертите е што Џонсон не бил упатен на советување кое можеби би му помогнало да се справи со сопствените проблеми, наместо да ескалира во огорчен човек кој цели две години собирал оружје и муниција.

dalas policija3

Нападот врз полицајците го извршил на мобилен начин, односно наместо да пука од една позиција, тој гаѓал и се движел понатаму центрирајќи ја следната жртва, па затоа и бил доволно смртоносен и неколку часа траела опсадата околу него.

На крајот полицијата активирала робот кој го усмртил со експлозив за да не изложува повеќе животи во опасност. Дејствувал сам без помош на скаути, со што теориите дека имало повеќе снајперисти како што тврдеа првичните и донекаде панични извештаи паѓаат во вода.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com