HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАргентинска учителка со писмо до Меси кое ги остави сите спортски фанатици без зборови

Аргентинска учителка со писмо до Меси кое ги остави сите спортски фанатици без зборови

Повлекувањето од репрезентативниот дрес кое го најави Лионел Меси по уште едно загубено финале во големите натпреварувања ги остави во неверување сите фудбалски фанови од Аргентина и надвор од неа. Започнаа да стигнуваат молби за враќање во дресот на „гаучосите“ од великанот Диего Марадона, претседателот Маурисио Макри и градоначалникот на Буенос Аирес, Хорасио Родригез Ларета, но зборовите на една учителка од Буенос Аирес преточени во писмо до голгетерот на Барселона ги остави сите љубители на убавата игра без зборови.

Ова е писмото во целост:
Почитуван Лионел Меси,

Ти најверојатно никогаш нема да го прочиташ ова писмо. Но, јас сепак ќе го напишам, не како фудбалски навивач, туку како учителка, професијата што ја одбрав и ја сакам како што ти ја сакаш својата.

Можев да ти пишам за твоите величествени таленти во најпопуларниот спорт во нашата земја​, за задоволство да се биде дел од среќната генерација која може да ја види магијата што доаѓа од твојата игра или за восхитот што го предизвикуваш во секоја земја во светот. Но, тоа ќе биде комплетно клише. Наместо тоа, барам твоја помош во предизвик кој е многу потежок од сите предизвици со кои ти се имаш соочено – сакам да ми помогнеш во тешката мисија да го оформиме однесувањето на оние деца кои те гледаат тебе како фудбалски херој и пример кој го следат.

messi 1

Независно од тоа колку напор и посветеност вложувам во работата, моите ученици никогаш нема да бидат толку фасцинирани како што се од тебе. А сега ќе го видат својот најголем идол како се откажува.

Те проколнувам да не им го пружиш тоа задоволство на медиокритетите, оние кои се фрустрирани од илјадниците соништа кои не си ги оствариле и ја насочуваат својата огорченост кон фудбалер​, оние кои зборуваат за другите зашто тоа е наједноставно и бесплатно. Ова ви го кажува учителка која и покрај разликите меѓу нас, исто така се бори со лошата аргентинска навика да сметаме дека нечија работа е лесна, дека постигнувањето голови е едноставно како градење на куќа или како иднината на една личност. Тоа е таа болна потреба да ги повлекуваме другите надолу, или да се претвораме во идиотски судии кои со задоволство и ароганција ја критикуваат изведбата на другите, секогаш ги ценат само победите и ги поистоветуваат грешките со неуспех. Истите тие грешки кои нè прават луѓе и нè учат.​

Те молам не се откажувај. Не дозволувај моите ученици да помислат дека во оваа земја важни се само победувањето и освојувањето на првото место. Немој да им покажуваш дека без оглед на тоа колку си успешен во животот, никогаш нема да ги усреќиш сите и најлошо од сè, немој да правиш да се чувствуваат како да мораат во животот да ги усреќуваат другите. Не им испраќај погрешна порака дека надминувањето на многу проблеми и борбата од рана возраст да се стане успешен, може да бидат зацрнети од критиките на завидливи луѓе, кои длабоко во себе би убиле за да бидат како тебе.

Ако некој како тебе, некој кој има семејство, некој со големо лично богатство и поддршка од толку многу луѓе не може да издржи, како моите ученици да продолжат да веруваат дека ќе се справат со толку многу битки кои ги чекаат од ден на ден?

messi 3

Јас не зборувам со нив за тоа колку прекрасно Меси игра фудбал, туку за илјадниците слободни удари кои ти мораше да ги извежбаш за да успееш да ја сместиш топката во аголотот кој е недостижен за секој голман. Им зборувам за Меси кој прима безброј болни инјекции за да продолжи да ги следи своите соништа. За Меси кој со парите што ги заработува им помага на деца кои како него биле во тешка ситуација. Им кажувам за возрасниот Меси кој создаде семејство и ја има најтешката работа на светот – да биде добар родител. За Меси кој може да промаши пенал, бидејќи грешките нè прават луѓе и ни покажуваат дека дури и најдобриот на сите времиња е несовршен.​

Не се откажувај, немој да го оставиш настрана дресот во боите на нашата земја, бидејќи кога ќе го облечеш, стануваш Аргентинец кој нè​ претставува сите нас. Не сите од нас очекуваат медали и трофеи за да се чувствуваат неверојатно горди што си еден од нас. Те молам некој да правиш моите ученици да помислат дека да бидеш втор е пораз и дека вредноста на една личност зависи од тоа колку трофеи освоила или дека губењето во игра значи и губење на славата.​

Моите ученици треба да разберат дека најблагородни херои, без оглед дали се лекари, војници, наставници или фудбалери, се оние кои даваат сè од себе за доброто на другите, иако знаат дека никој тоа нема да го цени повеќе, оние кои знаат дека ако успеат, успехот ќе им припадне на сите, а доколку загубат, тоа ќе биде само нивен неуспех. И покрај сè тие не се откажуваат. Но, најважно од сè, тие имаат хероизам и смелост, се борат и ги надминуваат поразите со храброст и интегритет, дури и кога целиот универзум вели дека нема да успеат.

И еден ден тие ќе уживаат во најголема победа – ќе бидат среќни со себе, а повеќе нема да постојат демоните со кои се бореа за да успеат.

Сите зборуваат за топката, но јас верувам во силата на твоето срце. 

Јохана Фукс

 

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com