HomeАНТИСТРЕСХуманостАпел до банките да донираат хуманитарна помош за поплавените подрачја

Апел до банките да донираат хуманитарна помош за поплавените подрачја

Коста Митроски, Претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора, упати јавен апел до банките да се вклучат во достава на хуманитарна помош за жителите од настраданите подрачја од поплавите во градот Скопје, во вода, храна, хигенски средства и слично.

Како што информираат од УНИ Банка, утре ќе донираат вода за пиење во количина од 24.000 литри (шлепер вода) во загрозените подрачја и во кординација со кризниот штаб ќе ја распределат водата според нивниот план.

„Во име на вработените од УНИ Банка, сакам да изразам сочуство до семјествата кои ги загубија своите најмили во поплавите што го зафатија Скопје. Сочуството го упатувам и од името на сите банки во својство на претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија“, соопшти Митроски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com