HomeДЕНЕШНАРепубликаАпел да се внимава при посетата на Мермерното езеро и потсетување како е настанато

Апел да се внимава при посетата на Мермерното езеро и потсетување како е настанато

Поранешниот раководител на рудникот Беловодица, М-р Васко Дамески упати апел да не се загадува Мермерното езеро. Тој исто така, потсети како е настанато езерото.

АПЕЛИРАМ!!! Да се внимава при посетата на Мермерното езеро. Постојат делови од рудникот кои не се безбедни. Има појава на одрони и крупни карпи блиску под површината на водата со што е голем ризикот при фрлање во вода од поголеми височини. Концесијата ни е одземена од Влада на Р. Македонија и ги изгубивме ингеренциите да го завршиме процесот на обезбедување и рекултивација на рудникот. АПЕЛИРАМ до локалната самоуправа да испрати екипа која ќе се грижи за безбедноста и хигиената, посебно за време на викендите кога има голема фрекфенција на посетители. Ви стоиме на располагање за обезбедување и маркација на оваа прекрасно место.
mermerno_ezero3-610x458
Прилепското „Памук Кале“ или Мермерното езеро во време на изградбата. Не го направи Крале Марко со боздоганот, туку е производ на осмислен процес на експлоатација по сите стандарди. Теренот е еколошки чист а квалитетот на водата е (испитан во 2011 год.) хемиски и биолошки исправна. Езерото е длабоко 20 метри и содржи 100 000 кубни метри вода. Поздрав до рударите од Рудник Беловодица за посебен допринос при изградбата на оваа прилепска атракција. Ви посакувам на сите пријатни моменти и внимателно пливање во ова прекрасно место.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com