HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација ќе одлучува за притворот на Талески

Апелација ќе одлучува за притворот на Талески

Апелациониот суд ќе одлучува за притворот на битолскиот градоначалник Владимир Талески откако го добиле предметот од страна на основниот кривичен суд. Тој ја обжали одлуката за домашен притвор и од Апелација соопштуваат дека откако ќе го разгледаат предметот ќе донесат одлука.

Инаку засега не е одбран заменик на градоначалникот бидејќи од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Битола велат дека прво ќе почекаат да биде решено по жалбата. Како можни заменици на Талески се споменуваат Игор Хаџиевски, внук на лустраторот Томе Аџиев и советникот Благој Шаклевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com