HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАнтонио Конте и официјално нов тренер на Челси!

Антонио Конте и официјално нов тренер на Челси!

Конте и званично тренер Челсија

Италијанскиот фудбалски тренер Антонио Конте стави потпис на тригодишен договор со екипата на Челси, соопшти премиерлигашкиот клуб. Конте ќе го превземе клубот од Лондон после завршувањето на Европското првенство во Франција. Сегашниот селектор на репрезентацијата на Италија на клупата на Челси ќе го замени привремениот тренер Гус Хидинк. „Многу сум возбуден што ќе работам во Челси. Горд сум што сум селектор на националниот тим на својата земја и единствено улогата тренер во Челси е нешто со што тоа може да се спореди“, изјави Конте за сајтот на клубот.

Конте има 46 години, а репрезентацијата на Италија ја превзема во август 2014 година и со неа успеа да избори пласман во Европското првенство. Пред тоа со Јувентус беше шампион во Италија 3 години по ред од 2011 до 2014 година. „Многу ми е драго што оваа вест сега е и официјална, бидејќи со ова ќе се стават крај на шпекулациите. Сега останувам фокусиран на мојата работа со репрезентацијата на Италија, а по завршувањето на Европското првенство ќе можеме повторно да разговараме за Челси“, додаде Конте.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com