HomeДЕНЕШНАРепубликаАнима Мунди: Деца нема да бркаат петли во Железара

Анима Мунди: Деца нема да бркаат петли во Железара

Aнима Мунди алармираше за невобичаената „спортска“ активност бркање на петел каде во минатите години беа вклучени десетина деца, организирани од КМФ Железарец.

brkanje petel1

Здружението за заштита на животните ја спречи оваа „атракцијата“ како што е наведена на социјалните мрежи при објавите на КМФ Железарец. Тие секоја година ги организираат спортските игри во Железара кои траат три дена, а учествуваат и многу деца кои го бркаат петелот.

Организаторот по острите реакции на Анима Мунди посочи дека е направен технички превид во флаерот за игрите во кои е наведено и бркање петел, но тоа се случило само на првиот настан во 2010. Интернет архивите покажуваат нешто, друго оваа „атракција“ се одржала и во 2011-та година, па изговорите се навистина површни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com