HomeАНТИСТРЕСХуманостАнима Мунди апелира: Не ги заборавајте животните од поплавените подрачја

Анима Мунди апелира: Не ги заборавајте животните од поплавените подрачја

Здружението за заштита на животни Анима Мунди апелира до граѓаните за спасување на животните од невремето кое деновиве го зафати скопскиот регион. Тие ги повикуваат граѓаните и институциите, дирекцијата за заштита и спасување и Агенцијата за храна и ветеринарство,покрај тоа што се вклучуваат во акции за спасување на луѓе, истото да го сторат и за тамошните животни.

Тие од нив бараат, доколку не можат да ги заштитат овие животни на телефонските броеви 077 487 253 и 077 487 255 да ги контактираат здруженијата за заштита на животни давајќи точна информација за локацијата, каде животните се во опасност.

Од Анима Мунди велат дека најважно е да ги ослободат односно одврзат животните, бидејќи доколку остане врзано, нема можност да преживее, да се обидат да го сместат на безбедно, да му дадат по можност храна и вода и да побараат помош. Тие апелираат до граѓаните доколку добијат информации за тоа дека некое животно е во опасност да ги информираат за точна локација.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com