HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАнгличаните тргнаа по Икарди, ќе одолее ли Интер?

Англичаните тргнаа по Икарди, ќе одолее ли Интер?

Понудата би можела да ги реши финансиските проблеми на клубот, а ќе видиме што има да каже Аргентинецот. Мауро Икарди би можел да се пресели во Премиер лигата, но не во Челси или Јунајтед со кои беше поврзуван туку во Тотенхем. Имено, Тотенхем нуди 45 милиони евра за капитенот на Интер, изминатите неколку недели шпекулираше дека Интер би прифатил сума поголема од 40 милиони за напаѓачот.

Сега ќе бидат на испит. Пристигнаа нови сопственици, но клубот сепак ќе мора да продаде неколку фудбалери за да го балансира буџетот после големиот губиток во изминатите години. Се споменуваше и Атлетико Мадрид, но Икарди одби да се пресели на „Калдерон“, а медиумите тврдеа дека не му одговара стилот на игра кој го форсира Симеоне во Атлетико.

Тотенхем е сепак поинаков, покрај тоа, ќе игра и Лига на шампиони, а Покетино верува дека Кејн и Икарди би сочинувале одличен тандем во нападот. Сега е Интер на потег, останува да видиме дали ќе се откажат од својот напаѓач.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com