HomeДЕНЕШНАСветАмерика и Турција почнаа преговори за екстрадицијата на Фетулах Ѓулен

Америка и Турција почнаа преговори за екстрадицијата на Фетулах Ѓулен

САД и Турција почнаа разговори за екстрадиција на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија, јавува телевизијата „Ал Џезеира“.

Телевизијата наведува дека за време на дводневните преговори во Анкара, турските власти на претставници на министерството за правда и на министерството за надворешни работи ќе им презентираат докази за вмешаноста на Ѓулен во неодамнешниот обид за пуч. Американските претставници, исто така, ќе имаат и средба со припадниците на армијата што се обвинети за учество во обидот за воен удар.

САД и Турција имаат договор за екстрадиција, но официјален Вашингтон бара докази за директната вмешан на Ѓулен во обидот за пуч.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com