HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАмериканци го посакуваат Свонси

Американци го посакуваат Свонси

Foto: Getty images

Премиерлигашкиот фудбалски клуб Свонси денес потврди на својот официјален сајт дека преговара со американски инвеститори околу превземање на клубот. Во официјалното соопштение од клубот на сајтот стои дека се работи на комплетирање на договорот за доведување на нов поголем акционер. Управата на Свонси се надева дека до крајот на оваа сезона ќе успее да склопи договор со Стив Каплан, Џејсон Левијен и нивната инвестициона група.

Каплан има акции во НБА клубот Мемфис Гризлис, а Левијан е совласник на американскиот фудбалски клуб од МЛС лигата ДИ СИ Јунајтед. Тие од неодамна се обидоа да купат дел во НБА лигата од клубот Минесота. Претседателот на Свонси Хув Џенкинс и потпретседателот Ли Дајнин изјавија дека ќе останат на истите функции во клубот. „Веруваме дека имаме предлог кој ќе му помогне на Свонси да напредува на теренот и надвор од него“, вели Џенкинс во соопштението.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com