HomeАНТИСТРЕСЕкимАмериканците ја открија тајната на морковот

Американците ја открија тајната на морковот

Американските научници секвенционирајќи го геномот на морковот со цел да овозможат напредок во одгледувањето на ова растение и јакнење на неговата отпорност на болести, штетници и суша, од генетски аспект дошле до самата суштина на важноста на морковот, еден од најраспространетите прехранбени продукти во светот, покажува студијата објавена во списанието Nature Genetics.

Научниците го секвенционирале геномот на морковот и ги идентификувале гените одговорни за неговото богатство со витаминот А, кој е многу важен за видот кај човекот. Витаминот А во морковите доаѓа од нивниот портокалов пигмент – каротеноид. Освен што е полезен за видот, витаминот А е важен и за имуно системот, за комуникацијата на клетките и за здрава кожа.

download

Научниците го секвенционирале геномот на Нантскиот морков, светлопортокалова варијанта на овој зеленчук, наречен по градот во западна Франција град. Геномот на морковот содржи 32 илјади гени, што е повеќе од човечкиот.

„Морковите се интересни за работа бидејќи се разнолични. Познати им се на сите, но како и во случајот на многу други познати работи, луѓето честопати не знаат што се крие во заднината“, вели генетичарот и професор по хортикултура на Универзитетот Висконсин, Фил Сајмон, кој го водел истражувањето.

Потрошувачката на морковот во светот е за четири пати зголемена од 1976 година, Денес е меѓу првите десет зеленчуци според одгледувањето во светот. Во последните четири децении, морковите се одгледуваат да бидат што „попортокалови“ и похранливи.

Најстарите забележани податоци за одгледувањето на морковот датираат од пред 1.100 години и потекнуваат од Авганистан. Меѓутоа, тие биле бели и виолетови моркови. Слики од XVI век од Германија и од Шпанија, ги даваат првите сигурни докази за портокаловите моркови.

carrot-nutri-red-sugarsnax-purplesnax

Сознанијата за геномот на морковот може да доведе и до унапредувањето на одгледувањето на пашканат, маниока, целер, магдонос, коријандер, копар, анасон, ким…

Дивите предци на морковот биле со бела боја, велат научниците. Денес масовно се одгледуваат портокаловите, но на Блискиот исток и во јужна Азија има уште такви кои имаат жолта или виолетова боја. Во средна Азија, пак, може да се најдат и црвени моркови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com