HomeДЕНЕШНАСветАмерикански специјалци ја засилија турската армија во чистката на ИД

Американски специјалци ја засилија турската армија во чистката на ИД

Турските тенкови, артилерија и пешадиски сили се засилија со група од 40 припадници на елитните американски специјални единици кои имаат задача да го чистат теренот во Северна Сирија во нова офанзива против џихадистите на Исламска држава.

Според воени извори од Пентагон американските специјалци ќе понудат и тактички совети, тренинг на армијата и воена поддршка во судирот со џихадистите. Во новата офанзива се вклучуваат и умерените сириски бунтовници кои се спротиставени и на Исламска држава и на владините трупи на Асад.

Претходно Обама издаде наредба за ангажирање на 300 специјалци кои имаат дозвола за оперирање на територија на Сирија и Ирак во борбата со ИД.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com