HomeДЕНЕШНАСветАмерикански новинар починал во Авганистан

Американски новинар починал во Авганистан

Репортерот Дејвид Гилки и неговиот преведувач, авганистански државјанин, починале во Авганистан кога била нападната воената единица со која патувале. Националното јавно радио за кое Гилки работел, соопшти дека тие биле со единицата на авганистанската војска и дека нападот се одиграл во јужната процинција Хелманд.

Преведувачот бил идентификуван како Забихул Таман. Со нив се наоѓале уште двајца новинари- Том Бауман и Моника Евстетиева, но тие не заработиле повреди. Во официјалното соопштение стои дека Гилки бил фоторепортер и дека известувал од конфликтите во Ирак и Авганистан од 11 септември 2001 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com