HomeДЕНЕШНАСветАмерикански морнар шпионирал за Кина, ќе му следи страшна казна

Американски морнар шпионирал за Кина, ќе му следи страшна казна

Поручникот командир Едвард Лин е обвинет за шпионажа откако американската морнарица откри дека издавал тајни на Кина, а можеби и на други заинтересирани странски служби од Пацификот. Лин работел како офицер за лет на шпионскиот авион EP-3E Reconnaissance кој е еден од најмодерните за собирање на разузнавачки податоци од терен. Тој откривал информации за комуникацискиот систем на авионот што би го направило многу лесен за откривање на непријателските радари.
Едвард Лин кој има азиско потекло со државјанство на САД се стекнал во 2008-ма, а имал и лошо воено досие во кое е забележано дека често најмувал проститутки. Поручникот цели 8 месеци тајно бил држен во притвор при што американската морнарица се обидувала да дознае на кого се продавал доверливи податоци, за кои служби известувал и колкава штета направил.


Казните за шпионажа во САД се едни од најстрогите и може да лежи доживотно во затвор, а доколку се утврди дека неговите постапки го загрозиле животот на морнарите тогаш може да му се суди и за предавство за што е предвидена и смртна казна.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com