HomeДЕНЕШНАСветАмерикански бомбардери Б-52 распоредени во Катар

Американски бомбардери Б-52 распоредени во Катар

Официјален Вашингтон распореди бомбардери Б-52 во Катар, со цел да учествуваат во рамки на кампањата предводена од САД против Исламска држава, соопштија американските воено воздухопловни сили.

Ова е првпат бомбардерите од периодот на Студената војна да бидат во тој регион уште од Заливската војна во 1991 година, кога дејствувале од соседна Саудиска Арабија. Воздухопловните сили на САД соопштија дека Б-52 пристигнале во катарската база Ал Удеид од базата Барксдејл во Луизијана. Тие ќе им се приклучат на меѓународните сили, кои извршуваат напади врз позиции на ИД во Сирија и Ирак.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com