HomeРЕФЛЕКТОРМузикаАмериканскиот музичар Тони Бенет доби статуа во Сан Франциско!

Американскиот музичар Тони Бенет доби статуа во Сан Франциско!

Американскиот музичар Тони Бенет доби статуа пред хотелот „Фермонт“ во Сан Франциско, каде прв пат ја пееше песната „I Left My Heart in San Francisco“, со која во 1961 година стекна светска слава. Повеќе од стотиналуѓе присуствуваа во откривањето во речиси два и пол метри високата бронзена статуа, со која граѓаните на Сан Франциско му оддадоа почит на овој уметник.

753Tony Bennett Honored

„Ова е најубавата статуа која некогаш ја имам видено. Засекогаш ќе живее во моето срце. Ви благодарам што бевте толку прекрасни со мене. Никогаш нема да го заборавам овој ден“, изјави Бенет, кој овој месец наполни 90 години. Градоначалникот Ед Ли 19 август го прогласи за ден на Тони Бенет, истакнувајќи дека пејачот помогнал „магијата на Сан Франциско да се прошири насекаде во светот“.

Бенет во оваа прилика само на кратко им се обратил на присутните и не пеел, но тоа не им сметало на неговите обожаватели кои биле среќни што го виделе. „Тој е Сан Франциско“, изјавила една од присутните, Марти Џуит, а нејзината пријателка Маргарет Бејкер, истакнала дека Тони Бенет, кој инаку има италијанско потекло, претставува најдоброто нешто што му се случило на американско-италијанскиот свет на забавата во последните неколку генерации.

57b7a1b40806c.image

Генералниот менаџер на хотелот „Фермонт“ Пол Торми изјавил дека Тони Бенет е „кум на градот“. „Секогаш беше тука во тешките времиња и секогаш беше тука како добар пријател. Беше апсолутно неверојатен за овој град“, вели Пол Торми.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com