HomeДЕНЕШНАСветАмериканската авијација ќе го бомбардира небото со плазма

Американската авијација ќе го бомбардира небото со плазма

Американските воена авијација ќе искористи мали сателити кои пренесуваат плазма за „бомбардирање“ на небото со цел да ја ги подобрат радио и сателитските комуникации во горните слоеви на атмосферата. Познато дека радио станиците коишто инаку не можеме да ги слушнеме преку ден, ноќно време се слушаат дури и на големи оддалечености.

Тоа се должи на промената во јоносферата, слојот од наелектризирани честички во атмосферата, кој започнува на височина од околу 60 километри. Искривувањето на Земјата ги запира повеќето копнени радио сигнали кои патуваат повеќе од 70 километри без дополнително засилување, пренесува списанието New Scientist.

plasma radio

Американската армија со овој проект смета дека не само што ќе го зголеми опсегот на радио сигналите, туку исто така ќе ги намали и штетните ефекти од сончевиот ветер врз GPS системот.

„Станува збор сепак за рана фаза на проектот, во истражувањето на промените во јоносферата“, вели Џон Клајн кој ја води групата научници од Њу Џерси, еден од трите тима вклучени во проектот. Тој смета дека една од најголемите пречки може да биде доволното генерирање на плазмата врз малите сателити.
Дејвид Ласт, поранешен шеф на британскиот Кралски институт за навигација е исто така скептичен во врска со овој проект кој треба да се спротистави на влијанието од сончевите ветрови.

Во периодот на сончевите бури се нарушуваат GPS сигналите, под влијание е целата страна на Земјата којашто е свртена кон Сонцето, па како што смета Ласт, за надминувања на овие пречки е потребана исклучително масивна и брза интервенција. „Тоа е како да смирувате разбранувано море со пополнување на празнините меѓу брановите“, вели научникот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com