HomeДЕНЕШНАПолитикаАмбасадорот Гончарук: Преземањето на Макпетрол е политички мотивирано

Амбасадорот Гончарук: Преземањето на Макпетрол е политички мотивирано

Украинскиот амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, во интервју за Телма потврдува дека меѓу личностите кои стојат зад сомнителниот капитал кој се обидува да го презеде Макшетрол има луѓе со меѓународни потерници, еден од нив е Сергеј Курченко, близок соработник на поранешниот украински претседател Јанукович, кој е на црната листа на САД и ЕУ.

– Не треба тие луѓе да се пуштаат тука. Има потерници по нив. Тие се наоѓаат под меѓународни санкции, доколку го имате во предвид познатиот украински олигарх Сергиј Курченко. Дали правилно Ве разбрав? Веројатно, да. Можам уште да додадам дека е издадена потерница по него за поддршка на сепаратизмот на
Истокот на Украина. Така да тука има уште и политичка обоеност, изјави во интервју за Телма, Гончарук.

Имаше ли штета за украинското стопанство?

Секако, секако. Секако. Некаде… Има различни цифри, од 8 до 25 милијарди гривни и некаде има експертски проценки за тоа дека беа повлечени од Украина 8 милијарди долари, изјави Гончарук.

Извор: telma.com.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com