HomeДЕНЕШНАСветАматриче го тужи Шарли Ебдо: Жртвите од земјотресот нацртани како лазањи

Аматриче го тужи Шарли Ебдо: Жртвите од земјотресот нацртани како лазањи

Локалниот совет на Аматриче, италијанското гратче кое беше најтешко погодено од неодамнешниот катастрофален земјотрес во централна Италија, ќе го тужи францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо, пренесува Си-ен-ен.

По земјотресот, во кој загинаа 295 лица, „Шарли Ебдо” објави карикатура со насликано „италијанско мени” – окрвавен маж и жена кои беа наречени „макарони со сос”, а жртвите на катастрофата беа нацртани под неколку слоја лазањи.

Градоначалникот на Аматриче, Серџо Пироци беше навреден од карикатурата и праша: „Како може да се наслика карикатура на загинати луѓе? Никој не е против сатира, но не треба да се твори сатира врз основа на несреќата на луѓето”.

„Ова е грозна, бесмислена и незамислива навреда за жртвите на оваа природна катастрофа“, изјави адвокатот Марио Сичерти.
italijanski-vesnik-protiv-sarli-ebdo
По критиките од јавноста и италијанските функционери, Шарли ебдо објави и втор цртеж во кој ги повика Италијанците да ја обвинат мафијата, а не Шарли ебдо, за изградбата на куќи со лош квалитет кои не се заштитени од можни земјотреси.

Шарли Ебдо во неколку наврати беше критикуван поради објавувањето на навредливи карикатури. Во јануари 2015 исламистички терористи на ИСИС ја нападнаа редакцијата на весникот при што беа убиени 12 лица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com