HomeДЕНЕШНАСветАл Каеда со повик да се убиваат американските бизнисмени

Ал Каеда со повик да се убиваат американските бизнисмени

Терористичката организација Ал каеда ги повика своите следбеници да ѝ нанесат удар на економијата на САД така што ќе ги убиваат водечките американски бизнисмени и претприемачи. Статиите во 15-тото издание на списанието, од 14 мај, ги повикуваат исламистичките терористи да вршат улични убиства во стилот на тие со кои Палестинците убиваат Евреи – да им приоѓаат на Американци и да ги убиваат со нож.

Текст објавен во весникот на Ал каеда „Инспаер“ повикува на „професионални убиства“, придружен со фотографија на човек со качулка како гледа нечија куќа. Со текстот е прикажана и фотографија на Бил Гејтс попрскана со крв, над која е положен пиштол. Институтот за истражување медиуми на Блискиот Исток (МЕМРИ), кој дошол до копија од списанието, соопшти дека во статијата се изнесуваат детални информации за подготовка и извршување насочени убиства, објави Вашингтон тајмс.

Уредникот на Инспаер, Јахја Ибрахим, во изјавата за списанието ја изразува решеноста на џихадистичките групи да напаѓаат Американци и тоа на територијата на САД. Тој рече дека „пророкот наредил да се убијат многу криминални лидери со користење на овој метод“, кој тие го следат. „Нема да го оставиме оружјето сè додека не го исполниме она што Алах го бара од нас“, додаде Ибрахим. Списанието исто така има и прилог за правење бомби.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com