HomeДЕНЕШНАРепубликаАлко-тест за сите кои пловат во Охридско, надлежните најавија казни

Алко-тест за сите кои пловат во Охридско, надлежните најавија казни

Кајакарите, бродарите оние кои управуваат глисери и катамарани покрај техничката исправност и опременост подлежат и на алкотест. Од Капетанијата на пристаништата велат дека наутичарите не треба да бидат изненадени доколку дојдат во ситуација при пловење или на самиот брег да им биде тестирана количината на алкохол во крвта.

За безбедноста на патниците сите пловила треба да имаат заштитни појаси, сидро, венец за спасување, противпожарен апарат и радио врска со капетанија.

Надлежните повеќе нема да ги предупредуваат туку најавуваат ригорозни казни и за сите оние кои пловат под дејство на алкохол.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com