HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАлвеш: Заминувам во Јувентус, но ќе се вратам

Алвеш: Заминувам во Јувентус, но ќе се вратам

Бразилскиот десен бек Даниел Алвеш потврди дека својата кариера ќе ја продолжи во италијанскиот шампион Јувентус. Алвеш ја паушта Барселона после осум сезони поминати во каталонскиот клуб, а Бразилецот истакна дека еден ден повторно ќе се врати во Барселона.

„Еден ден, порано или покасно, ќе се вратам повторно во својата Барселона. Уште сум навивач на клубот на кој сум му многу благодарен. Среќен сум што заминувам во Јувентус, освоив многу трофеи со Барса, време е да ја продолжам традицијата во Италија. Ќе се обидам да му помогнам на Јувентус да се врати на врвот во Европа“, изјави Алвеш.

Алвеш има 33 години, а својата кариера ја започна во Бахиј, а во Европа пристигна во 2002 година како член на Севиља. Освои 23 титиули со Барселона, а пет со Севиља. За репрезентацијата на Бразил одигра 90 натпревари и постигна три погодоци, освојувајќи ја Копа Америка и два пати Купот на конфедерациите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com