HomeДЕНЕШНАРегионАлбанската опозиција се откажа од договорениот консензус

Албанската опозиција се откажа од договорениот консензус

По постигнатиот консензус околу рефомите за албанското правосудство и честитките од меѓународната заедница за овој значаен чекор кој Албанија треба да ја приближи до ЕУ, опозициските демократи на Љуљзим Баша денеска се повлекоа од договорот, јави дописникот на МИА.

Според Баша, виновник за тоа е владејачката Социјалистичката партија, која иако било договорено во рефомите не го вклучила барањето на опозицијата за гарантирани места во Високиот судски совет и Високиот совет на обвинители.

Веднаш по јавно соопштениот став, американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу, упати остри критики на адреса на опозицијата, за која изиави дека неочекувано го откажала постигнатиот договор пред денешното гласање за реформите во Собранието, на што пак ексресно одговори Баша, велејќи дека вината е кај социјалистите.

Во ваква тензична ситуација пред денешната седница на Парламентот на чиј дневен ред се токму реформите, во тек се седница на координаторите на пратениките групи со спикерот на парламенот Илир Мета.

Вчера доцна попладне беше посигнат договорот врз основа на предлозите на САД и ЕУ, пред се на предлогот даден од американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд, која на 10 овој месец престојуваше во Тирана.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com