HomeДЕНЕШНАРегионАлбанија: Египќанец киднапира брод поради долг на бизнисмен

Албанија: Египќанец киднапира брод поради долг на бизнисмен

Албанската полиција објави денеска дека Египќанец кој тврди дека албански бизнисмен му е должен 70.000 евра, киднапирал брод на бизнисменот заедно со двајца членови на екипаж.

Полицијата денеска објави дека Абдел Мохамед Салам, (30) го напуштил албанскиот пристаниен град Драч со украден брод на кој биле капетан и рибар. Три дена подоцна, сопственикот на бродот кој тврди дека на Салам не му должи ништо, изгубил контакт со бродот.

Полицијата не успеала да го пронајде бродот во албански води. Салам се заканил дека ќе го потопи бродот заедно со двајцата албански членови на екипажот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com