HomeДЕНЕШНАРепубликаАЛАРМАНТНО: Над 80 мртви новороденчиња во изминатите шест месеци

АЛАРМАНТНО: Над 80 мртви новороденчиња во изминатите шест месеци

Повеќе од 80 новороденчиња починале на скопската клиника за гинекологија за шест месеци, а само последните две недели починале околу 20 бебиња, што е алармантна бројка која ги исплашила и родителите и дел од вработените на клиниката-тврди неделникот Фокус. Оттаму велат дека весникот дознава и располага со документи, имиња и презимиња на дел од пациентките на клиниката чии бебиња починале во последните неколку месеци.

Последниот случај на починато бебе бил пред два дена кога мртвиот плод на мајката бил изваден со царски рез. Бебето било женско, тешко 3830 грама и долго 52 сантиметри. Исто така, новороденче починало на 13 јуни, 2016 година. Се работи за 25-годишна пациентка која со царски рез родила машко бебе тешко 2800 грама, долго 50 сантиметри а само после три дена новороденчето починало-пишува Фокус. Од скопска гинекологија велат дека лекарите работат професионално и на клиниката третираат комплицирани случаи и ризични бремености. До крајот на годината најавија дека ќе излезат со официјални бројки за смртноста на донечињата.

На ова, денеска реагираше и СДСМ. „Бројката на починати новороденчиња е алармантна, новороденчиња во Република Македонија починуваат масовно. Министерот-смрт, како што го нарекоа, треба да излезе пред граѓаните со официјалната бројка, која е должен да ја достави и до Светската здравствена организација (СЗО), но и пред сопствениот народ. Министре, Вие сте одговорен за оваа грозоморна состојба. Вие сте одговорен и за лошата организација на здравствениот систем и, конечно, Вие сте одговорен за нестручноста на Вашиот партизиран кадар“ – рече д-р Ангелчо Андоновски од комисијата за здравство на СДСМ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com