HomeРЕФЛЕКТОРМузикаАлан Мекнен очекува да ја освои наградата Еми

Алан Мекнен очекува да ја освои наградата Еми

Американскиот композитор Алан Мекнен кој веќе има освоено 11 Греми награди, осум Оскари и еден Тони, сака да ја добие наградата Еми која единствено му недостасува во неговата повеќедецениска кариера, а која ја очекува можеби со новиот мјузикл „Галавант“. 67-Годишниот Њујоршки композитор зад себе има кариера долга 50 години како и стотици номинации за разни престижни светски награди, но не и за наградата Еми која се доделува за американска телевизиска продукција.

Alan

„Наградите се знак за тоа колку се цени работата на уметникот. Ако не ја добијам наградата Еми, нема да умрам“, се нашали Мекнен. Мекнен изјави дека во јавноста често слуша дека му недостасува Еми и дека тоа за понекогаш го измачува. Композиторот стана светски познат со музиката за цртаните филмови на Дизни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com